Известување за одржана јавна расправа за предлог буџетот за 2025 година
Почитувани жители,
На ден 11.12.2024 година, во просториите на општина Центар Жупа , беше одржана јавна расправа за предлог буџетот за 2025 година. На оваа расправа беа претставени плановите и приоритетите на општината за наредната година, со посебен акцент на проектите кои ги адресираат вашите потреби и предлози.
Како општина, нашата главна цел е да бидеме одговорен и транспарентен партнер на сите наши жители. Секогаш се трудиме да ги слушаме вашите идеи и да ги вградиме во нашите политики, бидејќи веруваме дека само со заедничка соработка можеме да изградиме подобра иднина за сите.
Ви благодариме за вашиот придонес и ангажман, и ве охрабруваме и понатаму да учествувате во ваквите јавни настани.