Центар Жупа, 1258 Центар Жупа • +389 46 840 239
Република Северна Македонија

Општина Центар Жупа

Центар за дневен престој на стари лица

Центар за дневен престој на стари лица

Во соработка со Министерство за труд и социјална политика , општина Центар Жупа и општинската организација на Црвен Крст – Дебар започна со работа Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење во општина Центар Жупа кој може да го користат лица со навршени 65 годишна возраст.

Центарот  е лоциран во  Центар Жупа  и ќе може секојдневно да го посетуваат 24 корисници , каде преку различен вид активности кои ќе се спроведуваат под надзор на стручните лица , добиваат можност за квалитетен и  активен живот , социјализација, како и квалитетно да го исполнат нивното време.

Отварањето на овој центар се реализира преку Проектот за подобрување на социјалните услуги , кој го имплементира Министерството за труд и социјална политика , со поддршка од Светската банка .

Годишна програма за работа за давање на социјална услуга центар за дневен престој на стари лица со активно стареење

Новости