Општина Центар Жупа спаѓа во групата општини до 10.000 жители  во кои надоместокот за членови на Советот е 40 % од просечната исплатена нето-плата во Република Северна Македонија за претходната година.

Месечниот надоместок за присуство на седници на членовите на Советот изнесува 40 % од
просечната месечна нето плата во Републиката исплатена за претходната година.
На претседателот на советот, за раководење и организирање на работата на Советот му се
определува надоместок, зголемен за 30% од утврдениот надоместок .
Месечниот надоместок за присуство на седниците на советот се исплатува за присуство на
сите седници на советот во тековниот месец.
Месечниот надоместок за присуство на седниците на советот се намалува за 30% за секое
отсуство од седница на совет.
Месечниот надоместок за присуство на седниците на советот не се исплатува, доколку членот
на советот не присуствувал на ниту една седница на советот во тековниот месец.
Месечниот надоместок за присуство на седниците не се исплатува, доколку советот во
тековниот месец не одржал седница.

Просечна исплатена нето плата за 2023 година  во РСМ изнесува 45.566 денари