Центар Жупа, 1258 Центар Жупа • +389 46 840 239
Република Северна Македонија

Општина Центар Жупа

Соопштенија

интерен оглас бр.01-2024

интерен оглас бр.01-2024

ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 01/2024

За унапредување на административни службеници во Општина Центар Жупа

Општина Центар Жупа објавува интерен оглас за унапредување на 2 ( двa ) административни службеници за следниве работни места :

  1. УПР 01 01 В01 000 Советник – одговорен сметководител , Одделение за финансиски прашања, 1 ( еден) извршител :
  • Посебни услови за работното место
  • Ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен, вид на образование: Економски науки или Организациони науки и управување ( менаџмент)
  • Работно искуство и тоа: најмалку три години работно искуство во струката

-Посебни работни компетенции

  • Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија ( англиски , француски , германски)
  • Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • Уверение за сметководител.
  • Распоред на работното време
  • Неделно работно време 40 работни часа , од понеделник до петок , 8 ( осум) работни часа дневно , работно време од 08 :00 до 16: 00 часот.

Плата на работното место е во паричен нето износ од  37.428, денари

2.УПР 01 01 В03 000 Соработник за водење постапки за јавни набавки, Одделение за правни, општи работи и јавни дејности, 1 (еден) извршител:

                        -Посебни услови на работното место

  • Ниво на квалификации VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, вид на образование: Правни науки, Економски науки или Организациони науки и управување ( менаџмент).
  • Работно искуство и тоа: најмалку една година работно искуство во струката.

-Посебни работни компетенции

  • Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
  • Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

                  -Распоред на работното време

  • Неделно работно време 40 работни часа, од понеделник до петок, 8 (осум) работни часа дневно, работно време од 08 00 до 16 00

     Плата на работното место е во паричен нето износ од  33.034,00 денари.

Сите кандидати кои аплицираат треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Општи услови:

–да е државјанин на Република Северна Македонија

–активно да го користи македонскиот јазик

–да е полнолетен/а

–да има општа здравствена способност за работното место и

–со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Општина Центар Жупа, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропошани за соодветното ниво со Законот за административни службенициöПравилникот за систематизација на работните места во Општина Центар Жупа со архивски број 08-219/1 од 21.05.2021 година.

При ова административниот службеник треба да ги исполнува следните услови:

-да е оценет со оцена ,,А,, или ,,Б,, при последното оценување на кое бил оценуван

-да е на работното место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас

-да поминал најмалку две години на истото ниво и

-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Заинтересираниот административен службеник поднесува пополнета Пријава и докази за податоците содржани во пријавата до Архивата на Општина Центар Жупа и до службената електронска адреса  на Општина Центар Жупа : merkezjupa@hotmail.com.

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази:

-потврди за успешно реализирани обуки и/или

-потврди за успешно реализирано менторство.

Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на ВЕБ страната на Општина Центар Жупа.

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оргиналот.

НАПОМЕНА: Кандитатот/ката кој/а ќе достави лажни податоци во пријавата или се утврди дека доставил/а лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошната постапка по овој Оглас.

Интерниот оглас  може да го симнете тука 

Образец за пријава може да го сименте тука 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
Отчет за 2025 година
Новости
Свечена прослава – јубилеј
Соопштенија
ПОКАНА ЗА ПЕТТА ФОРУМСКА СЕСИЈА