Врз основа на член 48 од Законот за административните службеници ( Службен весник на РМ бр.27/14, 199/14, 48,15, 154/15, 142/16, и 11/18 , Службен весник на РСМ бр.275/19 и 14/20) , како и член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот и спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодување и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас ( Службен весник на РМ број 11/2015 и 35/2018 , Службен весник на РСМ број. 303/2020) , Општина Центар Жупа објавува :
ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 01/2025
За унапредување на административен службеник во Општина Центар Жупа
Општина Центар Жупа објавува интерен оглас за унапредување на 1 ( еден ) административен службеник за следново работно место :
- УПР 01 01 Б04 000 Раководител на одделение за управување со човечки ресурси , Одделение за управување со човечки ресурси, 1 ( еден) извршител :
- Посебни услови за работното место
- Стручни квалификации за сите нивоа – ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, вид на образование: Високо образование;
- Работно искуство и тоа: најмалку 4 години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.
-Посебни работни компетенции
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија ( англиски , француски , германски) ;
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење ;
- Потврда за положен испит за административно управување;
- Распоред на работното време
- Неделно работно време 40 работни часа , од понеделник до петок , 8 ( осум) работни часа дневно , работно време од 08 :00 до 16: 00 часот.
Плата на работното место е во паричен нето износ од 41.113 денари.
Кандидатот кој аплицира треба да ги исполнува следниве услови:
- Општи услови:
–да е државјанин на Република Северна Македонија;
–активно да го користи македонскиот јазик;
–да е полнолетен/а;
–да има општа здравствена способност за работното место; и
–со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Општина Центар Жупа, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропошани за соодветното ниво со Законот за административни службеници.Правилникот за систематизација на работните места во Општина Центар Жупа со архивски број 08-219/1 од 21.05.2021 година.
При ова административниот службеник треба да ги исполнува следните услови:
-да е оценет со оцена ,,А,, или ,,Б,, при последното оценување на кое бил оценуван;
-да е на работното место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас;
-да поминал најмалку две години на истото ниво; и
-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Заинтересираниот административен службеник поднесува пополнета Пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку Архивата на Општина Центар Жупа до Градоначалникот на општина Центар Жупа и до службената електронска адреса на Општина Центар Жупа : merkezjupa@hotmail.com.
Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази:
-потврди за успешно реализирани обуки и/или
-потврди за успешно реализирано менторство.
Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на ВЕБ страната на Општина Центар Жупа.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оргиналот.
НАПОМЕНА: Кандитатот/ката кој/а ќе достави лажни податоци во пријавата или се утврди дека доставил/а лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошната постапка по овој Оглас.
интерниот оглас може да го симнете тука
образец за пријава тука
одлука за вршење на избор на кандидат по интерен оглас за унапредување на административен службеник тука