Врз основа на член 20-г и 20-д од Законот за вработените во јавниот сектор (,,Службен Весник на РМ’’ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18, 143/19, 14/20 и 208/24) и член 22 и член 23 од Законот за работни односи (,,Службен Весник на РМ’’ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 63/09, 114/09, 130/09, Испр, 149/09, 10/10, 50/10, 52/10, 58/10, 124/10, 132/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 106/14, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 134/16, 120/18, 110/19,267/20,151/21,288/21,111/23,39/25) и Правилникот за систематизација на работните места во Општина Центар Жупа бр. 08-219/1 од 21.05.2021, Општина Центар Жупа објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС БР. 02/2025
За вработување на помошни – технички лица на неопределено време
Општина Центар Жупа има потреба за вработување на помошно технички лица на неопределено време за следните работни места:
1.УПР 04 03 А02 001, Возач II………………………………………………………. 1( еден) извршител;
Посебни услови утврдени со посебен закон или колективен договор за помошно – техничките лица од областа превоз на лица и опрема, од категоријата А, ниво А2 – звање на работно место – Возач II се:
- Средно гимназиско образование или средно стручно образование (сообраќајно или економско или машинско образование);
- Возачка дозвола – Б и Ц категорија;
- Работно искуство најмалку 1(една) година во јавен, односно приватен сектор;
Работно време од 08:00 часот до 16:00 часот, од понеделник до петок;
Паричен нето износ на плата: 24.400 денари.
2.УПР 04 01 А05 001, Работник за одржување на објекти (зеленило)………………..1( еден) извршител;
Посебни услови утврдени со посебен закон или колективен договор за помошно – техничките лица од областа одржување на објекти од категоријата А, ниво А5, звање на работно место – Работник за одржување на објекти – зеленило се:
- Основно образование;
- Со или без работно искуство;
Работно време од 08:00 часот до 16:00 часот, од понеделник до петок;
Паричен нето износ на плата 24.400 денари.
3.УПР 04 01 Б05 001, Работник за одржување на опремата……………2(два) извршители; Посебни услови утврдени со посебен закон или колективен договор за помошно – техничките лица од областа одржување на опремата од категорија Б, ниво Б5, звање на работно место – Работник за одржување на опремата се:
- Основно образование;
- Со или без работно искуство;
Работно време од 08:00 часот до 16:00 часот, од понеделник до петок;
Паричен нето износ на плата 24.400 денари.
Покрај посебните услови кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Законот за работните односи и Правилникот за систематизација на работните места на Општина Центар Жупа, кои се следните:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија;
- Да е полнолетен;
- Активно да го користи македонскиот јазик;
- Да има општа здравствена способност за работното место;
- Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност.
Заинтерисираните кандидати треба да достават Пријава, со прилог потребна документација , оригинал или заверена на нотар:
- Kратка биографија CV
- Документ за завршен степен на образование кое се бара за работното место ( оригинал или заверен препис)
- Уверение за државјанство на РСМ (оригинал или заверен препис )
- Доказ за работното искуство Извод од историјатот на вработување од Агенција за вработување на РСМ ( оргинал или заверен препис)
- Лекарско уверение како доказ дека има општа здравствена способност за работно место кое се пријавува ( оргинал или заверен препис)
- Уверение дека не е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
Пријавaта, кандидатите може да ја преземат во електронска форма од веб страната на Општина Центар Жупа https://merkezjupa.gov.mk/ и заедно со потребната документација ја доставуваат во архивата на Општина Центар Жупа или на адреса: Општина Центар Жупа, 1258 Центар Жупа, во рок од 5 (пет) работни дена сметано од денот на неговото објавување во дневните весници, со назнака за Јавен оглас за вработување на помошно технички лица. Контакт тел. 046/840-239
Постапката за селекција ќе биде спроведена во следните фази: aдминистративна селекција ( проверка на комплетност на пријавата и доказите) и интервју. Административната селекција и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна Комисија формирана за спроведување на постапката за вработување. Пријавените кандидати ќе бидат навремено известени за времето и местот на одржување на интервјуто. По спроведување на фазите од страна на Комисијата се изготвува финална листа за секое различно место од јавниот оглас, која се доставува до Градоначалникот/ Секретарот , кој врши избор во рок од 8 дена.
Ненавремените и некомплетните документи нема да се разгледуваат.