Центар Жупа, 1258 Центар Жупа • +389 46 840 239
Република Северна Македонија

Општина Центар Жупа

Соопштенија

ÇOCUK BAYRAMI – ДЕНОТ НА ДЕТЕТО

ÇOCUK BAYRAMI – ДЕНОТ НА ДЕТЕТО

Денес во просториите на општина Центар Жупа по повод 23 април се одбележа   Денот на детето.Градоначалникот на општина Центар Жупа денот го започна заедно со група деца кои дојдоа во посета на Општина Центар Жупа .При посетата, учениците беа примени од градоначалникот и персоналот и имаа можност да седнат на нивните места и да го видат работниот процес во општината.

Учениците научија за  обврските  на општината, нивните услуги и проекти и имаа можност за отворен дијалог со градоначалникот и персоналот. Преку оваа посета, се направи важен чекор за учениците да бидат запознаени со општинската работа и да имаат активна улога во заедницата.

Градоначалникот Аријан Ибраим, изрази своја благодарност поради посетата на учениците и ја истакна важноста на образованието за нивната иднина, бидејќи децата се  нашата иднина .

Во овој специјален ден, ние се надеваме дека сите деца ќе имаат среќна  и успешна иднина.

Денот на детето е значаен ден за сите деца, нивните родители и наставници. Овој ден е празник на среќата и радоста.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
Отчет за 2025 година
Новости
Свечена прослава – јубилеј
Соопштенија
ПОКАНА ЗА ПЕТТА ФОРУМСКА СЕСИЈА