Центар за дневен престој на стари лица
Центар за дневен престој на стари лица
Во соработка со Министерство за труд и социјална политика , општина Центар Жупа и општинската организација на Црвен Крст – Дебар започна со работа Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење во општина Центар Жупа кој може да го користат лица со навршени 65 годишна возраст.
Центарот е лоциран во Центар Жупа и ќе може секојдневно да го посетуваат 24 корисници , каде преку различен вид активности кои ќе се спроведуваат под надзор на стручните лица , добиваат можност за квалитетен и активен живот , социјализација, како и квалитетно да го исполнат нивното време.
Отварањето на овој центар се реализира преку Проектот за подобрување на социјалните услуги , кој го имплементира Министерството за труд и социјална политика , со поддршка од Светската банка .
Новости