Центар Жупа, 1258 Центар Жупа • +389 46 840 239
Република Северна Македонија

Општина Центар Жупа

Новости

ЗАПОЧНА КАМПАЊАТА ,,МОЈ ДАНОК, ЗА МОЈАТА ОПШТИНА,,

ЗАПОЧНА КАМПАЊАТА ,,МОЈ ДАНОК, ЗА МОЈАТА ОПШТИНА,,

Започна кампањата „ Мојот данок, за мојата општина! “

До подобри општини, со навремено подмирување данок на имот.

Општина Центар Жупа како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“

Едукативната кампања „ Мојот данок, за мојата општина! “има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината.

Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но, и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот.

Секој граѓанин-даночен обврзник треба да знае дека со навремено подмируваме на данокот на имот, го полни директно општинскиот буџет, преку кој се реализираат сите планирани јавни и инфраструктурни проекти. Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за развојот на општината, која во иднина ќе ја красат: нови градинки, нови игралишта, нови улици, нови училишта, ново осветлување, нови паркови, еколошки проекти, нови проекти за економски развој.

Оваа кампања оттаму, цели и да придонесе кон навремено и прецизно информирање на даночните обврзници за сите права и обврски, како и правата и обврските на општината поврзани со данокот на имот.

За да дознаете повеќе за данокот на имот погледнете го видеото на https://www.youtube.com/watch?v=kV46872donQ и информирајте повеќе од летокот објавен на линкот  ( мој данок , за мојата општина)

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
Отчет за 2025 година
Новости
Свечена прослава – јубилеј
Соопштенија
ПОКАНА ЗА ПЕТТА ФОРУМСКА СЕСИЈА