Одржан состанок за подготовка на буџетот за 2025 година
На ден 07.11.2024 , во просториите на Општина Центар Жупа, се одржа работен состанок посветен на подготовката на буџетот за 2025 година. Состанокот беше организиран со цел да се разгледаат приоритетите за следната година и да се изготви финансиски план кој ќе ги обезбеди потребите на општината и ќе поддржи развој на важни инфраструктурни и социјални проекти.
Претставници од општинската администрација, како и релевантни стручни тимови, дискутираа за распределбата на средствата, како и за потенцијалните изворни приходи и средства од други фондови. Посебен акцент беше ставен на унапредување на јавните услуги, развој на образованието, здравството и инфраструктурата.
Општина Центар Жупа продолжува да работи на изготвување на буџет кој ќе биде во корист на сите жители и кој ќе овозможи одржлив развој на локалната заедница.
Следниот состанок ќе биде одржан во 18.11.2024 , кога ќе бидат разгледани дополнителните сугестии и предлози од јавноста.
Сите заинтересирани страни се поканети да се вклучат во процесот на подготовка на буџетот.
Тука сме да ги слушнеме вашите барања!