Центар Жупа, 1258 Центар Жупа • +389 46 840 239
Република Северна Македонија

Општина Центар Жупа

Новости

ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА – ПРВА ФОРУМСКА СЕСИЈА

ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА – ПРВА ФОРУМСКА СЕСИЈА

Почитувани ,

Општина Центар Жупа во периодот на месец Ноември до Фебруари ќе реализира *Проектен Форум во заедницата*, кој има за цел да го зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво, да се подобрат партнерства помеѓу локалните субјекти и да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес на целата заедница.

Форумот во заедницата е дел од компонента на проектот „Зајакнување на општинските совети“, кој општината го реализира  во партнерство и со финанасиска подршка на Швајцарската  влада (преку Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC), Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП.

Форумскиот процес ќе се реализира низ циклус од 4+1 форумски сесии

Форумскиот процес е отворен за сите граѓани, кои сами ќе одлучуваат за изборот на темата, проектните идеи и предлог проектите, кои ќе се реализираат со овој проект, а воедно ќе бидат земени в предвид и во понатамошните општински активности.

Преку проектот „Форуми во заедницата“ жителите на општина Центар Жупа ќе одлучат кои се приоритетите за развој на општината и кои активности може да се спроведат за подобрување на состојбата на локалната заедница. Проектите ќе се финансираат од буџет од  50 илјади долари од кои 20% се обезбедени од општината.

Форумот има за цел да го зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво и низ еден широко транспарентен начин да обезбеди родово одговорна алокација на буџетските средства, водејќи сметка за различните потреби и приоритети на граѓаните и граѓанките.

Како дел од нашата определба за транспарентно, отчетно, законито и  инклузивно практикување на локалната власт, одлучивме да го практикуваме форумот како една од најефикасните и ефективни форми на непосредно, директно граѓанско учество во одлучувачките процеси во локалната заедница, бидејќи никој подобро од Вас граѓаните/ките не ги познава  вашите проблеми, потреби и приоритети.

На Форумот во заедницата може да учествуваат сите заинтересирани граѓани.

Во прилог Покана ( отвори тука) и дневен ред (отвори тука)

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
Отчет за 2025 година
Новости
Свечена прослава – јубилеј
Соопштенија
ПОКАНА ЗА ПЕТТА ФОРУМСКА СЕСИЈА