На 21.11.2024 година во Женскиот Центар , општина Центар Жупа во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети-фаза 2“, ја одржа првата форумска сесија. Ова е проектен форум каде на предвидените форумски сесии жителите на општина Центар Жупа ќе дискутираaт за проблеми кои ги засегаат и ќе нудат решенија од кои ќе произлезат проектни идеи/концепти за предлог проекти.
По воведното обраќање на градоначалникот Аријан Ибраим кој вети безрезервна поддршка на целиот форумски процес, следуваше презентација на форумските теми по што жителите одлучија приоритетна тема и област од која ќе биде дефиниран проектот што ќе се реализира да биде од областа ,,Инфраструктура,,.
Во следните форумски сесии жителите на општина Центар Жупа ќе се одлучат и за конкретен проект. Буџетот за реализација на проектот е околу 50 000 долари.
Форумот се реализира во рамки на Програмата „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“ финансирана од Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.
Следната форумска сесија е закажана за 11.12.2024 во Женскиот Центар – Општина Центар Жупа .
Планирани се вкупно пет форумски сесии од кои последната, петата ќе биде по имплементацијата на проектот на која ќе бидат сумирани резултатите од целокупниот форумски процес.