Почитувани,
Општина Центар Жупа Ве поканува нa четвртата форумска сесија во рамките на проектот ,, Зајакнување на општинските совети,, која ќе се одржи на 10.02.2025 година (Понеделник), во 12:30 часот во просторијата на Женскиот Центар во Центар Жупа.
Програмата ,, Зајакнување на општинските совети-фаза 2,, ја финансираат Швајцарската Влада и Министерството за локална самоуправа а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на обединетите нации (УНДП). Имплементацијата на програмските активности е поддржана и од општина Центар Жупа.
Во рамките на четвртата формуска сесија ќе се бодуваат проектите и ќе се избере приоритетен/и проект/и .
Вашето присуство и активно учество ќе биде од особено значење за успешно спроведување на проектниот форум.