Центар Жупа, 1258 Центар Жупа • +389 46 840 239
Република Северна Македонија

Општина Центар Жупа

Соопштенија

јавен оглас бр.02/2025

јавен оглас бр.02/2025

Врз основа на член 20-г и 20-д од Законот за вработените во јавниот сектор (,,Службен Весник на РМ’’ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18, 143/19, 14/20 и 208/24) и член 22 и член 23 од Законот за работни односи (,,Службен Весник на РМ’’ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 63/09, 114/09, 130/09, Испр, 149/09, 10/10, 50/10, 52/10, 58/10, 124/10, 132/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 106/14, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 134/16, 120/18, 110/19,267/20,151/21,288/21,111/23,39/25) и Правилникот за систематизација на работните места во Општина Центар Жупа  бр. 08-219/1 од 21.05.2021, Општина Центар Жупа објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС БР. 02/2025

За вработување на помошни – технички лица на неопределено време

Општина Центар Жупа има потреба за вработување на помошно технички лица  на неопределено време за следните работни места:

1.УПР 04 03 А02 001, Возач II………………………………………………………. 1( еден) извршител;

Посебни услови утврдени со посебен закон или колективен договор за помошно – техничките лица од областа превоз на лица и опрема, од категоријата А, ниво А2 –  звање на работно место – Возач II се:

  • Средно гимназиско образование или средно стручно образование (сообраќајно или економско или машинско образование);
  • Возачка дозвола – Б и Ц категорија;
  • Работно искуство најмалку 1(една) година во јавен, односно приватен сектор;

Работно време од 08:00 часот до 16:00 часот, од понеделник до петок;

Паричен нето износ  на плата: 24.400  денари.

2.УПР 04 01 А05 001, Работник за одржување на објекти (зеленило)………………..1( еден) извршител;

Посебни услови утврдени со посебен закон или колективен договор за помошно – техничките лица од областа одржување на објекти од категоријата А, ниво А5, звање на работно место – Работник за одржување на објекти – зеленило се:

  • Основно образование;
  • Со или без работно искуство;

Работно време од 08:00 часот до 16:00 часот, од понеделник до петок;

Паричен нето износ на плата  24.400 денари.

3.УПР 04 01 Б05 001, Работник за одржување на опремата……………2(два) извршители; Посебни услови утврдени со посебен закон или колективен договор за помошно – техничките лица од областа одржување на опремата од категорија Б, ниво Б5, звање на работно место – Работник за одржување на опремата се:

  • Основно образование;
  • Со или без работно искуство;

Работно време од 08:00 часот до 16:00 часот, од понеделник до петок;

Паричен нето износ на плата  24.400 денари.

Покрај посебните услови кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Законот за работните односи и Правилникот за систематизација на работните места на Општина Центар Жупа, кои се следните:

  • Да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • Да е полнолетен;
  • Активно да го користи македонскиот јазик;
  • Да има општа здравствена способност за работното место;
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност.

Заинтерисираните кандидати треба да достават Пријава, со прилог потребна документација , оригинал или заверена на нотар:

  • Kратка биографија CV
  • Документ за завршен степен на образование кое се бара за работното место ( оригинал или заверен препис)
  • Уверение за државјанство на РСМ (оригинал или заверен препис )
  • Доказ за работното искуство Извод од историјатот на вработување од Агенција за вработување на РСМ ( оргинал или заверен препис)
  • Лекарско уверение како доказ дека има општа здравствена способност за работно место кое се пријавува ( оргинал или заверен препис)
  • Уверение дека не е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Пријавaта, кандидатите може да ја преземат во електронска форма од веб страната на Општина Центар Жупа https://merkezjupa.gov.mk/  и заедно со потребната документација ја доставуваат во архивата на Општина Центар Жупа  или на адреса: Општина Центар Жупа, 1258 Центар Жупа, во рок од 5 (пет) работни дена сметано од денот на неговото објавување во дневните весници, со назнака за Јавен оглас за вработување на помошно технички лица. Контакт тел. 046/840-239

Постапката за селекција ќе биде спроведена во следните фази: aдминистративна селекција ( проверка на комплетност на пријавата и доказите) и интервју. Административната селекција и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна Комисија формирана за спроведување на постапката за вработување. Пријавените кандидати ќе бидат навремено известени за времето и местот на одржување на интервјуто. По спроведување на фазите од страна на Комисијата се изготвува финална листа за секое различно место од јавниот оглас, која се доставува до Градоначалникот/ Секретарот  , кој врши избор во рок од 8 дена.

Ненавремените и некомплетните документи нема да се разгледуваат.

Јавен оглас ( тука) 

Образец за пријава ( тука) 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
Отчет за 2025 година
Новости
Свечена прослава – јубилеј
Соопштенија
ПОКАНА ЗА ПЕТТА ФОРУМСКА СЕСИЈА