Центар Жупа, 1258 Центар Жупа • +389 46 840 239
Република Северна Македонија

Општина Центар Жупа

Соопштенија

Известување за дополнување на документација за легализација на бесправно изградени објекти

Известување за дополнување на документација за легализација на бесправно изградени објекти

Известување за дополнување на документација за легализација на бесправно изградени објекти во територијата  на Општина Центар Жупа

Почитувани граѓани,

Ве информираме дека заклучно со 03.03.2026 година завршува важноста на Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Поради тоа ги потсетуваме сите граѓани кои имаат поднесено барање за легализација на бесправни објекти до Општина Центар Жупа, а чија постапка е во прекин, да ја искористат оваа законска можност за докомплетирање на нивните барања со цел решавање на истите.

Ги повикуваме сите засегнати странки и баратели навремено да се обратат до Општина Центар Жупа и да се информираат за статусот на своето барање и да ја достават дополнителната документација согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти.

Во спротивно доколку барањата не бидат навремено дополнети, истите ќе бидат одбиени согласно законските одредби.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
Отчет за 2025 година
Новости
Свечена прослава – јубилеј
Соопштенија
ПОКАНА ЗА ПЕТТА ФОРУМСКА СЕСИЈА