Почитувани,
Ни претставува посебна чест и задоволство да ве поканиме да земете учество на петтата форумска сесија која ќе се одржи на ден 29.01.2026 година (четврток) со почеток од 13:30 часот, во просторија во основно училиште Мустафа Кемал Ататурк Центар Жупа.
На петтата форумска сесија ќе бидe презентирана евалуацијата на целиот процес, информација за реализацијата на проектот,, Изградба и опремување на рекреативен простор и детски парк во Центар Жупа, информација за проектите произлезени од форумот кои не се финансирани од истиот и за реализација на препораките дадени од форумот.
Вашето присуство и активно учество на петтата форумска сесија ќе биде од особено значење и ќе придонесе за успешна реализација на форумски процес во заедницата и подобрување на животот во Општината.
Проектниот форум во општина Центгар Жупа се организира во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“ кој е финансиран од Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а го кофинансира и спроведува Програма за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.
Во прилог : Покана
Одржана беше петата форумска седница на која беше презентирана евалуацијата на целиот процес за реализацијата на проектот,, Изградба и опремување на рекреативен простор и детски парк во Центар Жупа и дадени информаци за проектите произлезени од форумот кои не се финансирани од истиот . Форумската сесија се одржа на 29.01.2026 година.