Општина Центар Жупа се наоѓа во Западна Македонија, дел од Југозападниот Регион. и има вкупна површина од 107,21 км2. На север, исток и запад општината граничи со општината Дебар, а на југ со Струга. Во општината се наоѓа планината Стогово и Дебарското Езеро. Населението воглавно се занимава со трговија, сточарство,земјоделство и шумарство. Сепак,добар дел од населението е иселено во странство и приходите кои се испраќаат од иселениците се значајни за економијата на населението во последно време има тренд на изградба стопански објекти воглавно од месното население. Според пописот на население од
2021 година, општината има вкупно население од 6.155 жители, од кои 3.720 резидентно население, а 2,435 нерезидентно население.
Голем дел од населението е иселено во странски држави. Најголем број од иселените се во Италија, но и во другите европски држави. Градоначалник на општина Центар Жупа е Аријан Ибраим од редовите на ДПТ. Тој е реизбран на последните локални избори за трет мандат од четири години. Советот на општина Центар Жупа е составен од 11 члена.
Во склоп на општина Центар Жупа се следниве села: Бајрамовци, Баланци, Брештани, Броштица, Власиќи, Голем Папрадник, Горно Мелничани, Горенци, Долгаш, ДолноМелничани, Евла, Елевци, Житинени, Кочишта, Коџаџик, Мал Папрадник, Новак, Осолница, Оџовци, Пареши, Праленик, и Црно Боци.
Општи податоци:
Седиште Центар Жупа
Регион Југозападен
Површина 107,21 км2 Основана 1996 година
Службен јазик македонски и турски јазик
Градоначалник Аријан Ибраим
Совет 11 члена
Контактни податоци
Седиште Општина Центар Жупа, 1258 Центар Жупа
Телефон 046 840-239,
e-mail. merkezjupa@hotmail.com
gradnoacalnik@live.com