На 27 ноември 2023 година (понеделник), во општина Центар Жупа – општинска зграда ( сала за состаноци) , со почеток од 10 ч., Општина Центар Жупа ќе реализира јавна расправа за прибирање предлози од жителите за креирање на Буџетот за 2024 година.
Општина Центар Жупа ги поканува сите заинтересирани жители, месните заедници, невладини организации да се вклучат во јавната расправа и да учествуваат во одредувањето на потребите од јавен интерес од локално значење за претстојната година.
Добредојдени сте сите !
This post is also available in: македонски