You are here
Home > Слободен пристап до информации

Слободен пристап до информации од јавен карактер

Општина Центар Жупа , во согласност член 3, став 1 , алинеја 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Сл.Весник на Република Северна Македонија бр.101/2019) е имател на информации од јавен карактер. Согласно член 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службено лице кое ќе посредува и ќе укажува помош при остварување на правото до пристап до информациите од јавен карактер, Градоначалникот на Општина Центар Жупа го назначува лицето:

Ерихана Фето, службено лице за посредување со информации од јавен карактер

контакт: merkezjupa@hotmail.com

тел: 046/840-239

Образец за Барање за пристап до информации од јавен карактер ( првземи тука)

Образец за Жалба ( превземи тука)

ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР НА
ОПШТИНА ЦЕНТАР ЖУПА

Информации со кои располага Општина Центар Жупа , а се утврдени како информации од јавен карактер достапни до барателите , се следниве :

  1. Информации за работата на Советот на Општина Центар Жупа : одлуки, решенија, заклучоци, иницијатици, препораки стратегии , ставови, информации од работењето на Комисиите и посебните тела на Советот на Општина Центар Жупа
  2. Информации за работата на Градоначалникот на Општина Центар Жупа :Решенија, дозволи, планови , ставови , мислења
  3. Информации за работата на општинската администрација на Општина Центар Жупа:
  • Одделение за правни, општи работи и јавни дејности : одлуки, решенија, програми, заклучоци и други акти поврзани со работата на органите на општина Центар Жупа од областа на нормативноправни и општи работи , планови и програми од областа на образованието, услугите на граѓаните, месната самоуправа, заштитата и спасувањето,Именување на директори и претставници во Управните одбори на јавните претпријатија, установи и училишта
  • Одделение за локален економски развој:  стратешки документи , решенија, планови и програми од областа на локален економски развој .
  • Одделение за финансиски прашања : Нацрт буџет на општината, буџетот, завршна сметка, одлуки поврзани со донесување на буџетот, одлуки поврзани со утврдување на висината и стапките на данокот на имот , данокот на наследство и подарок , данок на подарок на недвижност , комунални такси,јавни набавки , Висина на Административни такси и трошоци во постапка.
  • Одделение за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина: урбанистички планови, иницијативи , програми и планови во областа на урбанистичко планирање, планови и програми од областа на комуналните работи, планови и програми од областа на заштита на животната средина ,одлуки планови програми од областа на сообраќајот, водење на управна постапка.
  • Одделение за инспекциски надзор : информации , ставови и мислења од областа на инспекциските служби.
  • Одделение за управување со човечки ресурси :  информации од областа на работењето на одделението

* Други информации кои произлегуваат од надлежноста на органите на општината
www.komspi.mk – Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер

Годишен извештај 2021 година

 

This post is also available in: македонски Türkçe (Turkish)

Top