You are here
Home > Новости > Известување за проект ,,Реконструкција на локалниот пат ,,село Броштица -Центар Жупа ,,во Општина Центар Жупа

Известување за проект ,,Реконструкција на локалниот пат ,,село Броштица -Центар Жупа ,,во Општина Центар Жупа

ИЗВЕСТУВАЊЕ
за достапност на документ
Контролна листа на План за управување со животна средина и
социјални аспекти (ПУЖССА) за проектот
„Реконструкцијата на локалниот пат „село Броштица – Центар Жупа“ во Општина Центар
Жупа“
во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија” кој
се реализира од страна на Единицата за имплементација на проекти при Министерството за
транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, општина Центар Жупа аплицираше со проект за„Реконструкцијата на локалниот пат „село Броштица – Центар Жупа“ во Општина Центар Жупа“.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на
Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со
животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и
социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.

Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е
ставен на јавен увид на 29.01.2024 година  и е достапен на следниов линк ( отвори тука)

Како и на :

  • ЕИП :  www.wbprojects-mtc.mk или
  • • МТВ: http://mtc.gov.mk/

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на
Интернет страницатa на следнов формулар ( отвори тука) 

This post is also available in: македонски

Top