You are here
Home > Известувања > Известување до здружение на пчелари

Известување до здружение на пчелари

Предмет: Известување до здружение на пчелари – во врска со предстојната превентивна систематска дезинсекција за уништување на комарците на подрачјето на Општина Центар Жупа

Почитувани ,

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. Весник на РМ бр. 66/2004, 139/2008, 99/2009, 149/ 2014, 150/2015 и 37/2016) , а врз основа на одлуката на Советот на општина Центар Жупа за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Центар Жупа како општа противепидемиска мерка , Друштво за производство , градежништво , инженеринг, трговија и услуги ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ  експорт – импорт Кавадарци , го издава следното соопштение :

Се известуваат жителите на општина Центар Жупа кои одгледуваат пчели на територијата на Општина Центар Жупа, дека на 20.06.2023 година ( Вторник) , екипите на Друштво за производство , градежништво , инженеринг, трговија и услуги ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ  експорт – импорт Кавадарци ќе спроведат теристичка ( од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците.

Запрашувањето ќе се врши во период од 20 часот до 24 часот., со апарат за УЛВ ладно зашрашување.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземаат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услуви ( ветер, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Друштво за производство, градежништво , инженеринг , трговија и услуги  ЛИСА КОМ МС ДООЕЛ експорт импорт Квадарци  е : 070/ 520-023

Со почит,

Општина Центар Жупа

This post is also available in: македонски

Top