
Во просториите на општина Центар Жупа , се одржа Јавна дебата ,,Како се справуваме со предизвикот – Нега на стари лица и лица со попреченост,, . Преставниците од ЕЛС Центар Жупа , невладините организации , локалното население, целните групи вклучени во проектот ,, Помош и нега во домот,, дебатираа околу спроведените активности.Акцентот беше ставен на предизвиците со кои се соочуваат корисниците и давателите на услугата , нивните искуства и предлози за надминување на евентуални недостатоци. Реализацијата на проектот е оценета како исклучително важна за корисниците и за населението, задоволството на корисниците кои осаменоста и немоќта да се справат со секојдневните проблеми веќе е до одреден степен надминат.
This post is also available in:
македонски