
Денес во просториите на општина Центар Жупа по повод 23 април се одбележа Денот на детето.Градоначалникот на општина Центар Жупа денот го започна заедно со група деца кои дојдоа во посета на Општина Центар Жупа .При посетата, учениците беа примени од градоначалникот и персоналот и имаа можност да седнат на нивните места и да го видат работниот процес во општината.
Учениците научија за обврските на општината, нивните услуги и проекти и имаа можност за отворен дијалог со градоначалникот и персоналот. Преку оваа посета, се направи важен чекор за учениците да бидат запознаени со општинската работа и да имаат активна улога во заедницата.
Градоначалникот Аријан Ибраим, изрази своја благодарност поради посетата на учениците и ја истакна важноста на образованието за нивната иднина, бидејќи децата се нашата иднина .
Во овој специјален ден, ние се надеваме дека сите деца ќе имаат среќна и успешна иднина.
Денот на детето е значаен ден за сите деца, нивните родители и наставници. Овој ден е празник на среќата и радоста.
This post is also available in:
македонски