Во рамките на Проектот за поврзување на локалните патишта на РСМ,, кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проектот при Министерството за транспорт и врски со финансиска подршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Центар Жупа аплицираше со проект,, Рехабилитација на локалните улици во н.м Коџаџик во општина Центар Жупа ,,
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот , беше подготвен документ ,, Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти,, во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.
Документот ,, Контролна листа на План за управување со животната средина и социјални аспекти ,, е ставен на јавен увид на 19.04.2023 година и е достапен на следниов линк ( отвори тука)
Вашите коментари / предлози или дополнувања може да ги доставите во рок од 14 дена од поставувањето на документот на Интернет страницава , на следниов Формулар ( отвори тука)
This post is also available in:
македонски