You are here
Home > Новости > Вондредна седница на советот на Општина Центар Жупа

Вондредна седница на советот на Општина Центар Жупа

Советот на општина Центар Жупа , по предлог на Градоначалникот Аријан Ибраим , на  вондредната седница одржана на 08.02.2023 година, донесе одногласна одлука за доделување на финансиска помош во износ од 500.000 денари за настраданите во земјотресот во Република Туркије  и Сирија.

Деновите од 07.02.2023 до 12.02.2023 се прогласија за Денови на жалост во Општина Центар Жупа .На деновите на жалост знамињата ќе бидат истакнати на половина копје.

Искрено сочувствуваме со братските народи во Република Туркије и Сирија, изразуваме жалење за загубените човечки животи и посакуваме брзо оздравување на сите повредени лица.

This post is also available in: македонски

Top