You are here
Home > Известувања > Потпишан договор за соработка во областа на дијаспората помеѓу Влада на РСМ и Општина Центар Жупа

Потпишан договор за соработка во областа на дијаспората помеѓу Влада на РСМ и Општина Центар Жупа

Денеска  во просториите на општина Центар Жупа, Министерот задолжен за дијаспора Џемаил Чупи  и градоначалникот на Општина Центар Жупа, Аријан Ибраим потпишаа договор за соработка во областа на дијаспората помеѓу Влада на РСМ и Општина Центар Жупа. Главна цел  преку потпишување на овој договор е отварање на канцеларија за соработка со дијаспората. Оваа канцеларија ќе ги врши работите кои се однесуваат на административно- технички работи за грижа на иселениците, односно истата ќе треба да одржува комуникација со дијаспората со потекло од Општина Центар Жупа , да ја информира дијаспората по одредени прашања, како и да асистира во зголемување на ефикасноста при комплетирање на административни постапки и решавање на административни проблеми од различен карактер со кои се соочуваат преставниците на дијаспората во Република Северна Македонија.

 

This post is also available in: македонски

Top