
Информација до здружението на пчелари
Се известуваат жителите на Општина Центар Жупа кои одгледуваат пчели на подрачјето на Општина Центар Жупа дека на ден 16.06.2022 година ( Четврток) , Општина Центар Жупа ќе спроведе теристичка ( од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 20 до 05 часот , со апарат УЛВ ладно запрашување.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземаат соодветните мерки за заштита на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови ( ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања Ви стоиме на раполагање – контакт 046/840-239
This post is also available in:
македонски