ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА
За да добиете ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА треба да ги доставете следните документи:
1. Барање за одобрение за градба;
2. Правно дело за уредување на меѓусебните права и обврски склучено помеѓу инвеститорите за изградба на градбата (доколку станува збор за повеќе инвеститори меѓу кои има и физички лица заверено кај нотар);
3. Архитектонско – урбанистички проект заверен од надлежен орган доколку со урбанистичкиот план или локалната урбанистичка планска документација е предвидена изработка на овој проект;
4. Основен проект во три примероци;
5. Писмен извештај и согласност за нострификација ( доколку проектот е изработен во странство;
6. Ревизија на основен проект во три примероци ( но не и за градби наменети за индивидуално домување со бруто површина до 300 м2 );
7. Доказ за право на градење:
имотен лист со запишано право на сопственост;
право на долготраен закуп;
право на службеност на градежно земјиште;
договор за пренесување на правото на градење на предметното градежно земјиште;
договор за концесија на Владата на Р.М. со која државен орган, агенција или фонд на основачи од
Владата на Р.М.;
единица на локална самоуправа која се стекнала со право на градење;
договор со заедницата на сопственици на делови на објектот;
писмена согласност од мнозинството на сопственици на посебните делови од половина од вкуп ната површина на објектот со имотни листови за посебните делови на објектот доколку се работи за доградба и надградба на згради во етажна сопственост или имотен лист со запишано право на сопственост на Р.М. или конечно решение експропријација доколку се работи за изградба на линиски инфраструктурни градби );
8. Геодетски елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште;
9. Решение за трајна измена на режим на сообраќај од надлежен орган доколку се бара одобрение за
придружно – услужни објекти на општински патишта;
10.Овластување за изградба на градби за производство на електрична и топлинска енергија од надлежен
орган доколку се бара одобрение за градби за производство на електрична енергија;
11.Нотификација за пренос на електронски податоци издадена од Агенцијата за електронски комуникации доколку се бара одобрение за електронски и комуникациски мрежи и средства;
12.Решение со кое се одобрува основање на депонија издадено од надлежен орган доколку се бара
одобрение за депонии за интерен отпад;
13.Доказ за извршена уплата на административна такса за издавање на одобрение за градење во износ
од 3050 ден. согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за административни такси.
ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА ЗА ОДОБРЕНИЕ НА ГРАДБА
За да пристапите на почетната страна на системот за електронско издавање на одобрение за гра-
дење, потребно е да кликнете на линкот:
https://www.gradezna-dozvola.mk/Account/Login?ReturnUrl=%2f
This post is also available in:
македонски