You are here
Home > Profil > Општина Центар Жупа

Општина Центар Жупа

Општина Центар Жупа се наоѓа во Западна Македонија, дел од Југозападниот Регион. и има вкупна површина од 107,21 км2. На север, исток и запад општината граничи со општината Дебар, а на југ со Струга. Во општината се наоѓа планината Стогово и Дебарското Езеро.

Населението воглавно се занимава со трговија, сточарство, земјоделство и шумарство. Сепак, добар дел од населението е иселено во странство и приходите кои се испраќаат од иселениците се значајни за економијата на населението во последно време има тренд на изградба стопански објекти воглавно од месното население.

Според пописот на население од 2002 година, општината има вкупно население од 6.519 жители со густина на население од 60,81 жители на километар квадратен. Етничкиот состав на општината бил следниот:

Народност Број Постоток
Македонци* 814 12,49 %
Турци* 5.226 80,17%
Албанци* 454 6,96%
останати 25 0,38%

 

Добар дел од населението е иселено во странски држави. Најголем број од иселените се во Италија, но и во другите европски држави.

Градоначалник на општина Центар Жупа е Аријан Ибраим од редовите на ДПТ. Тој бил реизбран на локалните избори од 2017 година за втор мандат од четири години. Советот на општина Центар Жупа е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

ДПТ: 4 места

СДСМ: 3 места

ВМРО-ДПМНЕ: 2 места

ДНЕТ: 1 место

ДУИ: 1 место

Во склоп на општина Центар Жупа се следниве села: Бајрамовци, Баланци, Брештани, Броштица, Власиќи, Голем Папрадник, Горно Мелничани, Горенци, Долгаш, ДолноМелничани, Евла, Елевци, Житинени, Кочишта, Коџаџик, Мал Папрадник, Новак, Осолница, Оџовци, Пареши, Праленик, и Црно Боци.

 

 

 

Top