Слободен пристап до информации од јавен карактер
Општина Центар Жупа , во согласност член 3, став 1 , алинеја 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Сл.Весник на Република Северна Македонија бр.101/2019) е имател на информации од јавен карактер. Согласно член 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службено лице кое ќе посредува и ќе укажува помош при остварување на правото до пристап до информациите од јавен карактер, Градоначалникот на Општина Центар Жупа го назначува лицето:
Ерихана Фето, службено лице за посредување со информации од јавен карактер
контакт: merkezjupa@hotmail.com
тел: 046/840-239
Образец за Барање за пристап до информации од јавен карактер ( првземи тука)
Образец за Жалба ( превземи тука)
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР НА
ОПШТИНА ЦЕНТАР ЖУПА
Информации со кои располага Општина Центар Жупа , а се утврдени како информации од јавен карактер достапни до барателите , се следниве :
- Информации за работата на Советот на Општина Центар Жупа : одлуки, решенија, заклучоци, иницијатици, препораки стратегии , ставови, информации од работењето на Комисиите и посебните тела на Советот на Општина Центар Жупа
- Информации за работата на Градоначалникот на Општина Центар Жупа :Решенија, дозволи, планови , ставови , мислења
- Информации за работата на општинската администрација на Општина Центар Жупа:
- Одделение за правни, општи работи и јавни дејности : одлуки, решенија, програми, заклучоци и други акти поврзани со работата на органите на општина Центар Жупа од областа на нормативноправни и општи работи , планови и програми од областа на образованието, услугите на граѓаните, месната самоуправа, заштитата и спасувањето,Именување на директори и претставници во Управните одбори на јавните претпријатија, установи и училишта
- Одделение за локален економски развој: стратешки документи , решенија, планови и програми од областа на локален економски развој .
- Одделение за финансиски прашања : Нацрт буџет на општината, буџетот, завршна сметка, одлуки поврзани со донесување на буџетот, одлуки поврзани со утврдување на висината и стапките на данокот на имот , данокот на наследство и подарок , данок на подарок на недвижност , комунални такси,јавни набавки , Висина на Административни такси и трошоци во постапка.
- Одделение за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина: урбанистички планови, иницијативи , програми и планови во областа на урбанистичко планирање, планови и програми од областа на комуналните работи, планови и програми од областа на заштита на животната средина ,одлуки планови програми од областа на сообраќајот, водење на управна постапка.
- Одделение за инспекциски надзор : информации , ставови и мислења од областа на инспекциските служби.
- Одделение за управување со човечки ресурси : информации од областа на работењето на одделението
* Други информации кои произлегуваат од надлежноста на органите на општината
www.komspi.mk – Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер
This post is also available in:
македонски
Türkçe (Turkish)