You are here
Home > Градоначалник

М-р Аријан Ибраим

 

 

Роден во 1972 г. во село  Голем Папрадник Центар Жупа, дете на печалбарот во Швајцарија, Дилавер и Саније. Основно образование завршил во Центар Жупа. Средно медицинско образование во средното медицинско училиште Никола Штејн во Тетово. Дипломирал како економист на државниот  универзитет во Афјон, Р.Турција. Магистрирал на Истанбулскиот Универзитет, насока меѓународно право.  Се истакнува како поборник во образованието на мајчин Турски јазик во Центар Жупа, каде и работи две години како наставник. После неколку години печалба се враќа од Италија и активно се занимава со политика. Како кандидат на Демократската партија на Турците на Македонија, го добива градоначалничкиот мандат. За Градоначалник на Општина Центар Жупа е избран во два мандата 2013- 2017 и 2017- 2021 година.Владата на РСМ на 14 ноември 2021 година донесе одлука со која го назначи за повереник за вршење на работите од надлежност на градоначалник на Општина Центар Жупа, за период од шест месеци. 

Контакт податоци: 

 тел: 072.213.588,  046/840.239

 емаил: gradonacalnik@live.com

 

 

 

 

This post is also available in: македонски Türkçe (Turkish)

Top